Обвинителството ќе ги провери наводите на министерот Наќе Чулев

42

Јавното  Обвинителство ќе ги провери наводите на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за владината одлука  за поништување на неговите кадровски  решенија, за да утврди дали има неправилности кои би упатиле на извршено кривично дело кое се гони по службена должност.

Надлежниот Јавен Обвинител поднел барање до владата да им ги обезбеди податоците и писмените  докази. Претходно, до  Обвинителството  дополнителната заменик министерка  за внатрешни работи Славјанка Петровска поднесе кривична пријава против чулев поради непочитување на решенијата за распоредување потпишани од поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.