Обвинителството ќе го испита италијанскиот премиер за одговорот на епидемијата во Бергамо

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави во средата вечерта дека обвинителите ќе го испитуваат во петок во врска со одговорот на епидемијата на коронавирусот во Бергамо, градот на северот од земјата една од најпогодените области во светот.

„Воопшто не сум загрижен. Ќе разговараме во петок и ќе им ги кажам сите факти кои ми се познати“, рече Конте за новинарите кои го чекаа пред премиерскиот кабинет во Рим. Додаде дека самиот тој не е под истрага.

Обвинителите истражуваат зошто Бергамо и околината не биле затворени порано во еткот на епидемијата, и веќе ги испитаа челникот на покраината Ломбардија, во којашто се наоѓа Бергамо, како и покраинскиот министер за здравство.

Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, коронавирусот досега е потврден кај 235.763 лица во Италија, од кои 34.114 починале./.

Роднините на жртвите од Covid-19 од Бергамо претходно во средата ги преземаа првите правни чекори барајќи правда за нивните починати. Членовите на здружението „Ќе тужиме“ (Noi Denunceremo), коешто настана од група иницирана на Facebook, поднесле 50 поединичени пријави до обвинителството во Бергамо.

Во тужбите се наведува дека сите семејстава преживеале од недостог на информации до недоволна грижа. Тужбите се поднесени против непознати лица, а во подготовка наводно се уште 150 пријави. Станува збор за прв потег од овој вид во Италија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.