Обвинителството ќе испитува дали палењето на бугаското знаме во Вевчани е кривично дело

Запаленото бугарско знаме во Вевчани – лузна во обидите на дипломатите за подобрување на меѓусоседските односи. Следува истрага на ЈО, по бугарскиоот демарш.

– Обвинителството ќе испитува дали во случајот има кривично дело – Повреда на угледот на странска држава, по член 181 од Кривичниот законик. По наредба на Обвинителството, СВР Струга треба да го утврди идентитетот на сторителот и да ги идентификува и другите присутни на настанот. Исто така, ќе бидат обезбедени и евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на настанот. – велат од Јавно Обвинителство.

Демаршот до македонското МНР за палењето на знамето е доставен од страна на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, по што реагираше македонскиот државен врв. Шефот на државата Пендаровски го осуди чинот во Вевчани.

– Палењето на знамето на Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење доверба, разбирање и почитување. – напиша Стево Пендаровски претседатело на РСМ.

Од министерството за надворешни работи пак велат, дека ваквиот чин го уништува угледот не само на Карневалот, туку и на земјата.

– Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. – велат од МНР.

Дали со палењето на бугарското знаме, Македонија и даде на официјална Софија уште една причина за блокада во ЕУ?

По ветото во декември, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева изјави дека ќе ја блокираат Македонија сè додека не се напушти говорот на омраза кон сè што е бугарско, но можеби дури сега и даде џокер во ракавот на Захариева во обвинувањата за иредентизам.