Oбвинителството го бара Нефи Усеини кој е во бегство

Мерка притвор за советникот во општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат им одреди судот на предлог на Основното јавно обвинителство.Иако според кривичната пријава се товарат за  „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“сепак притворот во траење од 8 дена во отсусуво се однесува само за насилство.

Јавното обвинителство Охрид отвори предмет за Усеини и неговиот брат ,собира материјални докази и се сослушуваат сведоци а извршен бил и претрес во домовите на двајцата осомничени кои сеуште се во бегство.Од охридската полиција велат дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

Ова следи по пријавата на Топаловски во полиција дека бил претепан од Усеини и уште три други лица пред охридски хотел и пред неговиот 14 годишен син кон кого бил вперен пиштол.

Лани обвинителството отвори предмет за напад врз инспектор кој бил спречен да изврши увид на градбата кај чинарот .Инаку кривични пријави против Усеини беа поднесувани и во минатото за повеќе случаи на насилство, физички напади, узурпација на простор.