Обвинителството го негира премиерот Заев, нема истрага за рекетот на ‘Кики и Коки’

Од Основното јавното обвинителство информираат дека за случајот во кој, според шпекулациите кои постојат во јавноста, сопственик на медиум рекетира и изнудува пари од бизнисмени и услуги од власта, не се води истрага, како што истакна премиерот Зоран Заев, туку се прибираат информации, објавува Слободен Печат.

Ниту една надлежна институција во Македонија, досега, не реагира на објавите дека сопстевник на медиум, придружуван со високи функционери на владејачката партија врши изнуда на енормно високи суми пари од бизнисмени и градоначалници.

НетПрес уште пред две седмици се обиде да дојде до одговори од надлежните институции во врска со наводите во серијалот на Героски, за кои веруваме според прецизниот опис на настаните се веродостојни. Но, како и во минатите случаи кога НетПрес бараше одговори, јасно е дека и натаму во државата не се сменило ништо кога е во прашање криминалот зад кој стојат носители или лица блиски на власта.

Имено од сите надлежни институции, единствено одговор добивме од Јавното обвинителство коешто на прашањето дали постапува или ќе постапува „по допрен глас“ во врска со споменатите написи кусо одговори:

Јавното обвинителство ги следи сите информации и ќе постапува доколку бидат утврдени конкретни сторители и елементи на сторено кривично дело.

Истата инстиција денеска на прашање на нашите колеги од Слободен печат, дале малку поширок одговор.

Јавното обвинителство од самиот почеток ги следи сите информации и ќе постапува доколку бидат утврдени елементи на кривично дло. Истрага е друга фаза од  постапката. Сѐ уште не е донесена наредба за спроведување на истражна постапка – велат од ОЈО во изјава за „Слободен печат“.

Оттаму објаснуваат дека додека не се донесе наредба за истрага не се познати повеќе детали, како тоа колку луѓе би биле опфатени, за какви активности станува збор и за кои кривични дела.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.