Обвинителството излезе со детали за сообраќајката во која загина маж

маж

Во него удрило моторно возило – комбе со скопски регистарски таблички управувано од педесет и две годишен скопјанец.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло од автобус со кој патувал од Скопје за Охрид и ја преминал коловозната лента на необележано место при што бил удрен од комбето. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кичево изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од МВР. Дадени се Наредби за вршење на обдукција на починатиот и за сообраќајно техничко вештачење на возилото. Од првичните проверки  утврдено е дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол, информираат од обвинителството.

Истрагата продолжува со преземање на потребните дејствија во насока на расветлување на настанот.