Обвинителството ќе истражува дали има криминал при доделување на грантовите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ќе истражува дали има евентуален криминал во доделувањето грантови од Фондот за иновации.

По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас. Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран, соопштија од ОЈО.​

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.