Обвинителството немало конкретни елементи за мега криминалот за кој пишува Бранко Героски

Ниту една надлежна институција во Македонија, досега, не реагира на објавите дека сопстевник на медиум, придружуван со високи функционери на владејачката партија врши изнуда на енормно високи суми пари од бизнисмени и градоначалници.

Темата за рекетирање, преку свои колумни, ја објави новинарот Бранко Героски на порталот „ПлусИнфо“. Аферата, пак, извесен период претходно, ја обелодени во јавноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Но, неговите предупредувања, кои првично беа сметани за вообичаена опозиска „активност“, јавноста почна посериозно да ги восприема откако тие добија и конкретна потврда во медиумските написи на Героски.

Но, и по објавувањето на информаците од претседателот на ВМРО ДПМНЕ и по серијата текстови на Героски, надлежните институции молчат.

НетПрес се обиде да дојде до одговори од надлежните институции во врска со наводите во серијалот на Героски, за кои веруваме според прецизниот опис на настаните се веродостојни. Но, како и во минатите случаи кога НетПрес бараше одговори, јасно е дека и натаму во државата не е се сменило ништо кога е во прашање криминалот зад кој стојат носители или лица блиски на власта.

Имено од сите надлежни институции, единствено одговор добивме од Јавното обвинителство коешто на прашањето дали постапува или ќе постапува „по допрен глас“ во врска со споменатите написи кусо одговори:

Јавното обвинителство ги следи сите информации и ќе постапува доколку бидат утврдени конкретни сторители и елементи на сторено кривично дело.

Од МВР воопшто не ни одговорија, туку само бевме преупатени прашањата да ги доставиме по електронска пошта, што и беше сторено.

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева очигледно е преокупирано со напорите да си обезбеди свое натамошно опстојување, па и оттаму воопшто и не се потрудија, како и неколкупати досега, да одговорат на прашањата на НетПрес. Во текстовите на Героски се напоменува дека рекетарската медиумска група на своите жртви им се заканува со т.н. „бомби“, кои официјално се наоѓаат токму во ова обвинитество. А ваквата практика на закани со материјали од СЈО и појавата на приватни разговори на интернет и социјалните мрежи, Јанева досега неубедливо се обидуваше да го негира.

Но, дали треба да зачудува воопшто молкот на споменатите институции?!

Во досега објавените текстови, елементите се доста јасно „нацртани“ и конкретни. Посочените институции молчеа и немаа никаква активности и ланската есен кога НетПрес пишуваше за струмичкиот бизнисмен Митко Ѓорѓиев, кој беше физички нападнат од припадnик на „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица, агенција за обезбедување под контрола на СДСМ, а во која беа директно инволвирани вработени во Шестата управа на МВР. Причина за нападот на Ѓорѓиев беше неговото отворено истапување во јавноста за нелегалните бизниси на семејството Заеви.

Речиси нема куќа во градот која на некој начин не е под лихва на Заеви. Само јас се одважив да зборувам за тоа. Неодамна ми рекоа да излезам на телевизија и да му се извинам на Вице Заев за да се помириме, но јас нема тоа да го направам. Имам и судска потврда од вештак дека сум во право и дека бев жртва на лихва, вели бизнисменот, рече тогаш Ѓорѓиев, и дополни дека не може да се отвори бизнис, ако прво не се „помине“ од кај Заеви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.