Обвинителството неповедувајќи постапка против Дончев во 2018-та, му овозможило да го потврди делото и во 2019-та

48

Новото нормално на Заев и луѓето околу него е: додека Македонија брои жртви и починати од корона, институциите под нивна контрола да ги спасуваат криминалците како Ден Дончев. Целиот државен систем на Зоран Заев и ЈО на Вилма Русковска е ставен во функција на штитење на криминалот на Ден Дончев. Финансиските институции за истрага и прогон и ЈО со години не смеат да процесуираат предмет против главниот играч на Заев – Дончев, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Медиумите објавија аргументи во јавноста дека Дончев, спротивно на закон, во два наврати, еднаш во 2018 и втор пат во 2019 година, се стекнал со 50.000 евра и 80.000 долари наизменично. Аргументите и доказите кои ги посочуваат медиумите се очигледни! Дончев се стекнал со десетици илјади евра на нелегален начин! Криминалот го гледаат сите, само не институциите кои се должни да го санкционираат. Две години немало и сè уште нема никаква реакција, ниту од Управата за финансиско разузнавање, ниту од ЈО на Русковска“, рече Стојаноска.

Како што потенцираше Стојаноска, Јавното обвинителство не го санкционирало Дончев во 2018 година и со тоа дозволило  истиот повторно да го стори истото незаконско дело и во 2019 година.

„Обвинителството кое две години го штити Дончев, продолжува истото да го прави и сега, откако во медиумите излегоа сите аргументи, но и обвинувања дека за Дончев има комплет докази, и за трето, и четврто кривично дело во ЈО, како тој преку посредници годишно земал и до 2 милиони евра од приватни фирми кои имаат соработка со ФЗОМ, за истиот навреме да им плати за сработеното, но и за рекет врз Вера Иванова сопственичката на Диамед“, додаде Стојаноска

„И покрај бројните криминали кои му се ставаат на товар и за кои јавноста дозна преку медиумите, а не преку институциите, и кои беа главната причина за оставката на Дончев, ЈО го спасува.  Имено, обвинителството го тргнало Дончев од стоп листа за излез од државата и со тоа практично му остава отворена можност истиот да ја напушти државата. ЈО со своето непостапување ќе биде директно виновно доколку Дончев се впушти во бегство и не се соочи со правдата во Република Македонија.  Со СДСМ имаме само криминал и корупција. Македонија тоне. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, подвлече Стојаноска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.