6.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Обвинителството одбило 14 барања за амнестија

Интегрален текст од соопштение на Основното јавно обвинителство 

Основните јавни обвинителства согласно Законот за амнестија доставија мислење по поднесените барања за амнестија до Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија. Дадено е позитивно мислење по 3 барања. Мислење дека лицата кои побарале амнестија не ги исполнуваат условите согласно Законот за амнестија е дадено во 14 случаи.

Со тоа, од вкупно примени 29 барања за амнестија, доставени од надлежниот суд, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде позитивно мислење по 15 барања за амнестија, а за другите 14 дадено е мислење дека по барањата не се исполнети условите од Законот.

Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше по 37 барања за амнестија. Денеска по сите е испратено мислење до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во еден случај надлежен обвинител има дадено позитивно мислење за примена на одредбите од Законот за амнестија. За другите 36 лица, мислењето од надлежните јавни обвинители кои  постапуваа по предметите е негативно.​

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.