Обвинителството отвори 13 предистражни постапки за изборни нерегуларности

Основното јавно обвинителство отворило 13 предистражни постапки поради сомнеж за изборни нерегуларности од кои за  шест предмети постои основано сомнение за  поткуп и  злоупотреба на избирачкото право, а отворени се и дополнителни седум предмети, но за нив постапката е во фаза на прибирање на материјални докази.