Обвинителството поднесе обвинение против новинарот Златев, затоа што откри злоупотреба во УБК

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Љупчо Златев за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје.

Во текот на првата половина на јули, според скопското обвинтелство, Златев како главен и одговорен уредник на порталот ,,Економски Лидер”, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои според нив дошол на противправен начин и објавените информации биле класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата за национална безбедност.

„На 9 јули на интернет порталот и на Фејсбук страницата на тој интернет портал, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“. На 12 јули, пак, на интернет порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“. Во двата текста обвинетиот на јавноста и сторил достапни копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации“, велат од скопското обвинителство.

Ова е класично вршење притисок од страна ОЈО врз ,,Економски Лидер” и главниот уредник Љупчо Златев, кој објави документи за злоупотребата на УБК. Текстот за кој ОЈО бара Златев кривично да одговара е:
(ВИДЕО) Христовски: Мојот син е жртва – исклучен е од АНБ затоа што УБК ме следела како терорист!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.