Обвинителството предложи казни за 43 скопјани поради нарушување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе во средата 38 предлози за казнени налози против вкупно 43 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Предложени се и казни од по 2.000 евра за секој од нив.

Од ЈО соопштија дека сите обвинети во различни периоди и на различни локации во Скопје биле затекнати додека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и превенција на заразната болест Ковид 19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.