Обвинителството слуша и молчи, истраги за „бомбите“ засега нема

Од почетокот на предизборната кампања се објавија неколку аудиоснимки од кои јасно може да се заклучи дека има индиции за сторен криминал. Од нив најмногу се издвојува онаа во која разговараат контраверзниот црногорски бизнисмен Мирољуб Дака и осудениот во „Рекет“ Зоран Милевски, а во која се споменуваат претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Заклучокот од снимката е дека во периодот пред референдумот за името во септември 2018 тогашните висок владини функционери, Заев и Рашковски од Дака зеле 300 илјади евра.

Снимката беше објавена на социјалните мрежи во саботата. Јавноста побара одговори, но од Јавното обвинителство засега нема информации дека е отворена постапка за да се расветли кој и зошто зел пари. Одговорот на Обвинителството е дека до овој момент ги следат објавените снимки и доколку утврдат постоење на елементи на кривично дело ќе постапат.

Но, познавачите на состојбите во македонското правосудство се сомневаат дека ќе има истрага за било која од објавените аудиоснимки содржела или не елементи на кривично дело.

“Ако имате нереформирано обвинителство, нереформиран суд, не може да прашањето дали ќе функицонира кога и онака не функционира, кога со еден клиентелистички однос само се преврте и го смени чадорот како сончоглед се сврте кон новата политичка гарнитура и тоа е очигледно, затоа и многу тешко можеме да кажеме дали обвинителството ќе преземе нешто. Не нема да преземе ништо, затоа што не е кадарно да преземе затоа што реформи нема одговорност нема затоа што не се утврди ни претходната одговорност игрите се исти истите обвинители истите судии кои играа игри и го урнисаа системот се уште таму”, вели адвокатот Звонко Давидовиќ во изјава за Канал 5.

Одговори од Заев за наводите дека зел 300 илјади евра од бизнисменот со посредство на Милевски побара и ВМРО ДПМНЕ. Оттаму бараат Заев да и открие на јавноста колку пати се среќавал со Дака, но се сомневаат дека обвинителството предводена од Љубомир Јовевски ќе отвори истрага за случајот.

„Зоран Заев мора да каже колку пати, каде и кога се видел со Миодраг Давидовиќ Дака? Колку средби имал со Дака сам, а колку со Драги Рашковски. На која средба биле договорени 300.000 евра дадени за референдумот? Како завршиле тие пари? На истата ли средба барал 2.000 квадрати за бензинска пумпа во Тетово? Зоран Заев мора пред надлежните институции да даде одговор на овие прашања….Вистината е кога Заев во стилот Ал Капоне трпа пари во Луј Витон куфери и не одговара за тоа, затоа што Јовески и Рускоска му се в скут за амнестирање на сите криминали што водат до него! И затоа нема предмет, Заев да не одговори на прашањата за средбите со Дака и парите земени од него“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Од Заев засега нема одговори за индициите за направен криминал кои произлегуваат од аудио снимката. Прашан зделки со контроверзниот и анти нато бизнисмен Заев ги нарече „бла бла“ муабети.