Обвинителството со детали за обидот за убиство во Чаршија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен државјанин на Република Турција со живеалиште во Скопје кој е осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 23 јуни, пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, се обидел да лиши од живот едно лице, по претходна расправија и физичка пресметка. Осомничениот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на наведената локација, го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Во еден момент осомничениот извадил пиштол и испукал три проектили кон оштетениот, нанесувајќи му огнено-стрелни повреди во десната потколеница, информираат од Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.