Обвинителсвото нема да отвори истрага против Ангеловска, зашто повлекла свои пари од „Еуростандард банка“

Обвинителството не отворило предмет за министерката за финансии Нина Ангеловска поради повлекувањето на парите од „Еуростандард банка“ пред нејзиното згаснување, објави во неделата вечерта ТВ 24.

Од Обвинителството, како што се наведува во прилогот на телевизијата, објасниле дека постапуваат само ако се утврдени елементи на кривично дело, а повлекување на пари не е тоа, затоа што парите се на сопственикот.

Петар Гошев, поранешени гувернер на Народната банка и поранешен министер за финансии, во интервју за ТВ 24 во саботата изјави дека Ангеловска како член на Комитетот за финансиска стабилност имала увид во состојбата во финансискиот сектор во државата, а со тоа и увид што се случува во банкарскиот систем.

„Ако нема кривично дело врз основа на закон, во секој случај овде има голем, голем етички проблем од страна на министерката“, изјави Гошев.