Јоца Амстердам вели дека зад убиството на Иво Пуканиќ стои Мило Ѓукановиќ во бјавената снимка

Хрватски весник „Национал“ во новиот број пишува дека поседуваат снимка од телефонски разговор во која Сретен Коциќ, наречен Јоца Амстердам, наводно зборува за улогата на Мило Ѓукановиќ во убиството на Иво Пуканиќ.

-Јоца Амстердам, неосудениот организатор на атентатот на Пуканиќ првпат укажа на нарачател. Тоа е Мило Ѓукановиќ – пишува на насловната на новиот Национал.

Како што пишува „Национал“, на снимката Јоца Амстердам објаснува зошто претходно не го посочил Ѓукановиќ.

Станува збор за снимен разговор, што, како што пишува „Национал“, е воден во сосема друг контекст. Во него во еден момент Јоца Амстердам, кој се уште е во затвор, наводно констатира дека можел да биде слободен човеч ако проговори за улогата на црногорскиот претседател во оваа приказна.

Пред неколку дена се навршија 12 години од смртта на едни од главните луѓе на „Национал“, Иво Пуканиќ и Нико Фрањиќ. Вечерта на 23 октомври 2008 година на паркингот во дворот на зградата на аголот на улиците Палмотиќева и Стара Влашка во Загреб експлодираше мотоцикл оставен покрај автомобилот.

Сторителите беа брзо пронајдени, уапсени и осудени, но нарачателите на убиството до ден денес се непознати.