Очекувано: Барди во тимот на колото во Ла Лига

Со двата гола во дуелот со Селта, македонскиот репрезентативец Енис Барди се најде во тимот на колото на Ла Лига. Тој вчера во рамките од 37. коло постигна два гола во победата на неговиот тим од 2:3 во Виго против Селта.

Барди се најде во најдобриот тим заедно со Модриќ од Реал и со Парти од Атлетико Мадрид во средниот ред.

Со одличните партии оваа сезона, Македонецот се најде на „мета“ на големите тимови. Прв „загриза“ Арсенал кој што подготвува понуда од 11 милиони до Леванте, но очигледно дека ќе мора да ја зголеми цената.