(ВИДЕО) Очевидец зборува за двојното убиство во менувачницата на Чешма

Порталот „Инфомакс“, објави видео снимка од местото на настанот, со сведок кој со изменет глас говори што се случувало.

Штитејќи се од рекетари кои сакале да му ја ограбат менувачницата, во скопската општина Кисела Вода, 58-годишниот скопјанец со иницијали Г.А. застрела две лица кои го нападнале.

Разбојниците пред да бидат застрелани со пиштол го удриле Г.А во главата по што тој ги застрелал.

Идентитетот на еден од убиените е откриен, а обвинителството работи на идентификување и на другиот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.