Украина ќе престане да овозможува транзите на руска нафта и гас во Европската унија преку нејзините нафтоводи на крајот на годината, бидејќи сегашниот договор ќе истече тогаш и нема да биде обновен, изјави во петокот советник на украинската влада.
Михаило Подољак, советник на претседателот Володимир Зеленски, во интервју за Novini.Live рече дека сегашниот договор истекува на крајот од годината и иако не може да биде еднострано раскинат „нема сомнеж дека ќе престане да важи на 1. јануари 2025 година.”
Киев е подготвен да транспортира гас од централноазиските земји или Азербејџан во Европа, но не и од Русија за да ѝ го ускрати на Москва тој извор на приход. Меѓутоа, ЕУ и Киев допрва треба да разговараат со Баку за договор за транспорт и тоа на руските енергенси преку азербејџанските системи. ЕУ и Украина, исто така, побараа од Азербејџан да организира разговори поврзани со договорот за транзит на гас од Русија кон Европа.
Договорот за транзит на руски гас во Европа преку Украина меѓу руски „Газпром“ и украински „Нафтогаз“ истекува на 31. декември.
И покрај руската инвазија, која започна во февруари 2022 година, Украинците ги исполнија условите од договорот, делумно на инсистирање на нивните европски соседи, првенствено Унгарија. Но, украинските лидери јасно ставија до знаење дека нема да го продолжат. Самиот Зеленски го кажа тоа неодамна.
Украина повтори дека не планира да потпише нов договор за транзит на гас со Русија поради тековниот воен конфликт. Сепак, ваквиот потег на Киев, во прв ред се чини дека е насочен кон соседните Унгарија и Словачка, членки на ЕУ и НАТО кои одбиваат воено да ја помагаат украинската војска во борбата против руската а кои се првите приматели на рускиот гас во блокот.
Унгарија, Чешка и Словачка се последните земји кои добиваат руска нафта преку нафтоводот „Дружба“. Северниот дел од гасоводот што води кон Германија е главно затворен поради санкциите на Западот за руската нафта.
Според руските медиуми, казахстанската филијала на италијанската енергетска компанија „Eni“ во август почнала да испраќа нафта од Каспиското Море преку гасоводот.
Украина, којашто изминатите две децении водеше со Русија неколку ткн „гасни војни“ под обвинувања дека ги поткрадува испораките на гасот за потрошувачите во Европа, уште кон крајот на мај 2022 година го блокираше транзитот на рускиот гас преку една од двете контролни точки во Сограновка, па „Газпром“ во Европа го испорачува преку другата преостаната транзитна точка во Суџа, град во руската похгранична област Курск, за кој Киев тврди дека го контролира откако нејзините сили упаднаа на почетокот од август.
Иако овој компромис ѝ овозможува на Русија да генерира приходи од транзит, таа не ѝ дозволува да ја продава сопствената нафта на Европа, нејзиниот најпрофитабилен пазар, според проценките на западните аналитичари кои засега не опфаќаат прогнози за ризикот од растот на цените пред сезоната на пополнување на залихите пред подготовките за сезоната на пониски температури.
Претходно во средата Русија предупреди дека доколку Украина не се согласи да го продолжи договорот за транзит на рускиот гас преку нејзина територија по истекот на сегашниот на 31 декември, европските потрошувачи ќе го почувствуваат тоа во форма на повисоки цени. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, од друга страна, рече дека доколку Киев не го продолжи договорот, Русија би можела да најде алтернативни рути, како што е планираниот турски гасен јазол.
„Има и други рути, но секако дека таквите одлуки од украинската страна ќе нанесат сериозна штета на интересите на европските потрошувачи, оние кои и натаму сакаат да купат погарантирано и ценовно попристапниот руски гас“, посочи Песков.
Повеќето корисници на руски гас, кој минува низ транзитната рута низ Украина, најавија дека се подготвуваат да го прекинат протокот на крајот на оваа година кога истекува транзитниот договор меѓу Украина и Русија, со оглед на тоа што Украина најави дека не сака да го обнови. Друга опција е рускиот „Газпр“ да испорача дел од гасот преку друга рута, на пример преку гасоводот Турски тек, Бугарија, Србија или Унгарија. Сепак, капацитетот на овие рути е ограничен.