Од 1 јули поефтин роаминг за Западен Балкан

Во Белград каде се одржува вториот дигитален самит на земјите Западен Балкан, денеска се потпиша договорот за роаминг во земјите од овој дел на Европа, кој ќе ги намали цените на телефонските повици од 1 јули оваа година во просек за 25 отсто. Договорот го потпишаа претставници на Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. За Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Европскиот комесар за дигитално општество и економија, Марија Габриел, рече дека потпишувањето на договорот носи значајни можности за населението.

Да бидам јасна, ова е ваш договор и сакам да ви честитам, тоа е јасен сигнал за вашата позиција и може да сметате на нашата поддршка. Следниот чекор е да потпишете договор со Европската унија, рече Габриел.