Од 160 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, 21 се за брзо возење а четири за пешаци

На територијата на Град Скопје во петокот изречени се вкупно 160 мерки за сообраќајни прекршоци, а за непочитување на брзина на движење санционирани се 21 возач, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, како и четири за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за управување под дејство на алкохол, една за минување на затворен сигнал (црвено светло), две за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување…

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.