Од 2021 година Канада ќе забрани пластика за еднократна употреба

15

Секоја година, на еден милион птици и повеќе од 100.000 морски цицачи им е загрозено здравјето или умираат поради пластиката. Да бидам искрен, како татко, имам проблеми да им го објаснам тоа на моите деца, изјави канадскиот премиер Трудо.

Пластиката за еднократна употреба ќе биде забранета до 2021 година и во Канада. Ова го најави канадскиот премиер Џастин Трудо по седница на Владата на која се разгледувала информацијата како Европската унија се бори против пластичниот отпад.

Трудо најавил дека со научна поддршка ќе се состави листа на производи што треба да се забранат. Меѓу нив, најверојатно, ќе се најдат пластичните сламки, кеси, чинии и прибори за јадење.

Секоја година, на еден милион птици и повеќе од 100.000 морски цицачи им е загрозено здравјето или умираат поради пластиката. Да бидам искрен, како татко, имам проблеми да им го објаснам тоа на моите деца – изјави Трудо.

Европскиот парламент во март годинава забрани употреба на  пластиката за еднократна употреба. Мерката на ЕУ ќе влијае на голем број производи од пластика за кои постојат алтернативни решенија.Друга цел е пластичните шишиња да бидат рециклирани до 90 отсто до 2025 година и да го намалат отпадот кој завршува во водите на океаните на половина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.