Од 21 посебен сообраќаен режим ќе биде воведен на булеварот „Илинден

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и утре од 21 до 6 часот на булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот поради снимање филм во организација на ДФПУ„ВЕРТИГО ВИСУАЛ“ ДОО Скопје.

Од овие причини, како што информира МВР, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.