Од 983 тестови има 66 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 983 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 50, Битола и Охрид – по 5, Македонски Брод – 2, Прилеп , Кавадарци, Штип и Струмица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.

Има 115 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Охрид – 8, Битола – 7, Кавадарци, Тетово , Велес и Гостивар – по 2, Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.067.648 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а на активни случаи изнесува 350.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.