Од август во Хрватска ќе се склучуваат хомосексуални бракови

Хрватска денеска го доби Законот за животно партнерство за лица од ист пол, според кој хомосексуалните парови ќе ги уживаат истите права како и брачните партнери, но ќе немаат право да посвојуваат деца.

Законот е донесен со 89 гласови „за“ и 16 „против“, а во галеријата на собраниската сала од страна на ЛГБТ заедницата бил поздравен со аплауз.

По усвојувањето на Законот, во Хрватска бракот, вонбрачната заедница, животното пратнерство и неформалното животно партнерство законски се признати како заедница која претставува семеен живот, велат од ЛГБТ здружението „Гордост на Загреб“. Оттаму наведуваат и дека родителскиот живот на истополните парови, од сега животни партнери во Хрватска се заштитени со Уставот, Уставниот суд , како и со Европската конвенција за човековите права.