Од Автомобил пукал кон комбе во движење во Автокоманда

61

Возач од автомобил пукал кон комбе во кое имало патници на булеварот Александар Македонски.

Според информациите на МВР, вчера околу 17 часот во СВР Скопје, А.Х.(30) пријавил дека додека управувал комбе „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки во кое имало и други лица, на бул. Александар Македонски, едно лице со автомобил „голф“ му се приближило и започнало да му упатува навреди.

Потоа со оружје испукало во правец на комбето.

Повредени лица нема. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.