Од црква во гостиварско украдени пет икони

Уште една црква, мета на арамија.

Пет икони се украдени од црква во гостиварското село Ничпур соопшти денеска полицијата. Тешката кражба се случила за време на викендот во црквата Свети Атанасие.Арамијата насилно влегол во светиот објект и украл пет икони. Со вредниот плен непознатиот сторител избегал во непознат правец.

Минатава недела арамии провалиле во четири цркви низ Македонија, крадејќи пари, икони и крст.