Од денес до 19-ти август пријавување на спорните гласачи

Од денес до 19-ти август спорните гласачи во Избирачкиот список ќе може да се пријавуваат. На веб страницата на Државната Изборна Комисија ќе бидат објавени имињата на 39.502 гласачи што се сметаат за спорни.

Според неофицијалните информации до кои дојде весникот „Дневник“ на листата Чаир води со 8.659 од 39.502. Веднаш зад неа е Тетово со 6.692 лица, Kарпош, каде што има 4.008 избирачи, и Центар со 3.005 гласачи за кои ќе важи активната регистрација доколку на претстојните парламентарни избори сакаат да гласаат и да останат во Избирачкиот список.

„Дневник“ дојде до неофицијалниот список на спорните 39.502 гласачи и впечаток е дека таканаречени фантомски избирачи се најмногубројни во општините каде што мнозинство се Албанци. Од пресметките, според етничката структура, од 40.000 спорни гласачи, 70 отсто се Албанци, па Роми, Македонци-муслимани и само неколку илјади се Македонци, пишува „Дневник“.

Инаку на вчерашната седница ДИК го усвои упатството за пријавување. Спорните гласачи ќе треба да се пријават во ДИК, а целиот процес ќе го набљудуваат претставници на четирите политички партии.

ДИК објави  дека овие лица се избришани од Избирачкиот список кој сега брои 1.734.138 илјади граѓани со право на глас, а на сите спорни гласачи ќе им пише да го искористат рокот и лично или по електронски пат,  со валидни документи да се пријават во ДИК, подрачните оделенија на Комисијата и локалните канцеларии.

Пријавувањето на овие граѓани ќе се спроведе од 26.07 до 19.08.2016 година во период од 8,30 до 19 часот секој ден. При Личното пријавување , идентитетот на граѓанинот се утврдува врз основа на личен документ, важечка лична карта или патна исправа . По однос на електронското  пријавуање секј граѓанин може да поднесе електронска пријава преку посебна електронска апликација поставена на веб страната на ДИК со внесување на својот единствен матичен број на граѓанинот при тоа во прилог на елекронско поднесената пријава граѓанинот доставува и скениран, односно фотографиран личен документ, важечка лична карта или патна исправа за да можат јасно да се прочитаат личните податоци, адреса на живеење и важноста на личните документи вели, експертот во ДИК  Атанас Урумов, пренесува Канал 5.

Покрај тоа што ќе биде објавен на  веб страната на ДИК списокот со спорните гласачи ќе биде објавен и на страниците на дипломатско конзуларните претставништва за македонските државјани кои живеат и работат во стрнаство.

Целиот процес ќе биде набљудуван од страна на претставници на четирите политички партии, а доколку се случат нерегуларности тие имаат право во рок од 24 часа да ги пријат во ДИК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.