Од денес сè ќе биде поинаку на Светското првенство во Катар

Со натпреварот меѓу Португалија и Уругвај е комплетирано второто коло од групната фаза на Светското првенство во Катар и од денес распоредот на натпревари ќе биде сосема поинаков.

Во претходните седум дена, се играа по четири натпревари на ден, но во четири термини, од 11, 14, 17 и 20 часот по средноевропско време.

Од денес во наредните четири дена ќе се одигра третото коло во групната фаза, и повторно ќе се играат по четири натпревари на ден, но овој пат во само два термини, и тоа од 16 и од 20 часот.

Причината за тоа е фер-плејот, односно двата натпревари од една група ќе се играат во исто време со цел да нема големи калкулации со резултатите.

Осминафиналните натпревари ќе започнат да се играат од сабота и тогаш исто така ќе има по два натпревари на ден.

Термините во кои ќе се играат натпреварите се 16 и 20 часот, а во исти термини ќе се играат и четвртфиналните пресметки.

Полуфиналните натпревари е предвидено да се играат на 13 и 14 декември од 20 часот. Финалето е закажано за 18 декември на „Лусаил Ајконик“ стадионот од 16 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.