Од денеска алкохол може да се купува во секое време

Законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите денеска стапија на сила, откако беа објавени во Службен весник.

Пред десетина дена во Собранието со 62 гласа „за” пратениците гласаа за измените на Законот за трговија.

Владата во мај му предложи на Собранието да го укине ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.