Од денеска автобусите ќе возат од 5 до 9 часот и од 13 до 19 часот

39

Автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници од денеска ќе возат во две смени, односно од 5 до 9 часот и од 13 до 19 часот. Новиот возен ред е донесен откако денеска Владата одлучи да се намали времетраењето на полицискиот час и дозволено е движење до 19 часот во работните денови.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

– Од сабота  од 15 часот до понеделник до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира. За деталите за режимот на јавен превоз во сабота ќе информираме во текот на денот – велат од ЈСП „Скопје“.

Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај дирекцијата на ЈСП „Скопје“. Отворени од 7.30 до 17 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Според мерките кои денеска ги донесе Владата, сите кои користат јавен превоз задолжително треба да носат заштитна маска, марама или шал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.