Од денеска бродска линија Охрид-Поградец

Од денеска од охридското пристаниште ќе почне да сообраќа првата бродска линија Охрид-Поградец.

Оваа чартер бродска линија ќе работи само за време на летниот период и ќе им користи на туристите кои по воден пат ќе можат од Охрид да одат до Поградец и обратно.

На првото запловување од Охрид меѓу туристите ќе бидат и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и градоначалникот Никола Бакрачески. Во Поградец е планирана средба меѓу министрите и градоначалниците од Македонија, со албанските Едмонд Хаџинасто и Артан Шкембиј.