Од денеска можеме да патуваме во Словенија со негативен тест за Ковид-19

За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и на Северна Македонија, ќе биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, објави словенечката Амбасада во земјава.

„Тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во државите, а во Северна Македонија тоа е Институтот за јавно здравје во Скопје“, наведува Амбасадата.

Во соопштението на Амбасадата, објавено на Фејсбук, се додава дека важи и исклучокот без тест и карантин за влез во земјата, само со цел одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со потесен член на семејство кој приложил негативен тест.

Одлуката на словенечката Влада за влез на македонски државјани во државата стапува во сила од денеска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.