Од денеска повеќе нема да се практикува мерката квоти за лековите, а со новата мерка на Фондот за здравствено осигурувње треба да значи дека во кој и да ден од месецот може да се подигне лек на рецепт, но тоа ќе се прави со прииложување лична исправа.
Лековите ќе се подигнуваат само со лична карта, истото правило ќе важи и за подигнување на лек за друг човек. Со сопствена лична карта ќе може да го земете лекот на рецепт за малолетно лице или за човек кој не може сам да го земе лекот, потенцираа од Фондот.
Новина е што граѓаните при земање на рецептот кај матичниот лекар и при подигање во аптека треба да се идентификуваат со сопствена лична карта. Тоа значи дека лековите за децата до 18 години и за старите лица може да ги подигне било кој од семејството со негова лична карта.
Засега првиот човек на фондот Ден Дончев не ја кажа сумата, но и тој и премиерот Зоран Заев потенцираа дека средства ќе има.
Оваа мерка почна со примена во неколку туристички места и покажала добри резултати.
Од Фондот најавија дека во наредните месеци ќе има измени во електронскиот систем каде ќе се читаат личните карти преку уреди читачи.