Од денеска основците на училиште без маски

Учениците во основните училишта веќе нема да носат маски. Владата на го прифати предлогот на комисијата за заразни болести, да се олеснат дел од ковид мерките, кои важеа за учениците во основните училишта.

Основницте ќе можат да одат на настава со физичко присуство, без задолжително да носат маска. Одлката стапува на сила од денеска, и важи сé до доставување евентуален нов предлог од комисијата за заразни болести.

Оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат маска во училиште. За наставниците и останатите вработени во училиштата, останува препораката за носење маски.

Освен ова, прифатени се и предлозите на комисијата на зразни болести, да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на маски за културни настани. Театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци и конференции.

Владата донесе одлука и да се укине обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори. Се укинува и задолжителната потврда за вакцинација, за посета на угостителски објекти на отворено. За затворените делови останува обврската за задолжителна потврда за вакцинација или за прележаност од ковид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.