Од денеска патарините во Србија поскапуваат за 1,8 отсто

Според одлуката на Владата на Србија, од денеска патарините за сите категории возила поскапуваат за 1,8 отсто, што е зголемување во согласност со растот на инфлацијата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, возачите на автомобили ќе плаќаат за 10 до 30 динари поскапа патарина, додека за камионите зголемувањето е меѓу 50 и 160 динари, во зависност од релацијата што ја минуваат.

За делницата Белград-Прешево се плаќаат 750 (АI категорија возила), 1.490 (I категорија возила), 2.230 (II категорија возила), 4.460 (III категорија возила) и 8.910 динари (IV категорија возила);

За делницата Белград-Димитровград, цените се: 660 (IA категорија возила), 1.310 (I категорија возила), 1.960 (II категорија возила), 3.930 (III категорија возила) и 7.860 (IV категорија возила) ;

За делницата Прешево-Димитровград се наплатуваат 520 (категорија IA возило), 1.040 (категорија I возило), 1.560 (II категорија возила), 3.100 (III категорија возила) и 6220 динари (IV категорија возила).

Во зависност од категоријата, за делницата Белград-Шид износите во динари се: 210 (категорија возило IA), 420 (категорија возило I), 650 (категорија возило II), 1.290 (категорија возило III) и 2.580 (категорија возило IV).

Нови цени на релацијата Белград-Суботица се: 320 (IA категорија возила), 640 (I категорија возила), 960 (II категорија возила), 1.900 (III категорија возила) и 3.810 динари (IV категорија возила).

Денешниот среден курс на динарот во однос на еврото според Народната банка на Србија изнесува 1 EUR = 117.58 динари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.