Од денеска угостителските објекти, обложувачниците и казината се затворени за посетители

Угостителските објекти од денеска се затворени за посетители и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер. Од денеска се затвораат и обложувачниците и казината. Обложувачниците смеат да работат само преку пулт. Мерката е во сила до 20 април.

Ова е дел од пакетот рестрикции што во понеделникот ги донесе Владата, со цел, како што рекоа, да се намали ширењето на коронавирусот, да се спречи оптоварување на здравствениот систем и да се избегне затворање за верските празници Велигден и Бајрам.

Во пакетот рестрикции е и зголемување на полицискиот час, кој од вчера започнува во 20 часот, наместо во 22, и трае до 5 часот наутро.

Од вчера стапи во сила и забраната за посетители во фитнес-клубовите и спортските сали, како и забраната за одржување конференции и обуки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.