Од денеска забраната за влез на странци во Босна и Херцеговина

17

Како дел од превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, утрово стапи на сила забраната за влез на странци во БиХ.

-Одлуката на министрите на Советот на БиХ за забрана за влез на странците на граничните премини во БиХ се спроведува за да се намалат ефектите од пандемија на вирусот, изјави директорот на граничната полиција на БиХ, Радиша Самарџија.

Тој тврди дека одлуката е донесена синоќа и дека таа веднаш била испратена до сите теренски канцеларии на граничната полиција.
Според него, од 30 март сите четири аеродроми во БиХ ќе бидат затворени за  сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.