Од државјанство на БиХ се откажале над 20.500 луѓе за пет години, а државата заработила 5 милиони евра

1188

Повеќе од 20.500 граѓани на Босна и Херцеговина се откажале од нејзиното државјанство во последните пет години, при што државата за испис од државјанството заработила повеќе од 10 конвертабилни марки, или 5 милиони евра.

Како што од министерството за граѓански работи на БиХ му одговориле на пратеникот во парламентот на федерацијата Саша Магазиновиќ, од државјанството во периодот од 2014 до 2019 година се одрекле 20.536 сега поранешни нејзини државјани.

Појасниле дека во 2014 година од државјанството се откажале вкупно 3.519 лица, а следната години уште 3.359 луѓе. Во 2016 година таа бројка се зголемила на повеќе од 4.400 лица годишно и се задржала во текот на следните две години.

Соопштено е и дека за исписот од државјанството се наплатени 9,8 конвертабилни марки. Станува збор за трошоци кои се плаќаат како административни такси при откажувањето од државјанството. Иако висината на оваа такса се менувала, во просек секој кој се откажал од државјанството на БиХ платил по околу 240 евра. Истовтремено, сите граѓани кои се откажуваат од државјанството на БиХ за да се стекнат со државјанство на некоја од државите од поранешната СФРЈ плаќаат двојно пониски административни такси, во износ од 200 марки, или околу 100 евра.

Од министерството за граѓански работи навеле дека од државјанството на БиХ се откажуваат граѓани кои живеат во странство, и имаат државјанство на друга држава или им е гарантирано стекнување државјанство на друга држава со одрекување на босанскохерцеговското.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.