Од Facebook најавија можност за бришење на историјата на пребарувањата

Извршниот директор на компанијата сопственик на најголемата социјална мрежа Facebook, Марк Џукерберг, изјави во вторникот дека се подготвуваат за воведување нова функција за контрола на приватноста којашто ќе им овозможи на корисниците да ја избришат историјата на пребарувањето на интернет страниците.

Цукерберг на својот фб-профил објави дека за ова ќе биде разговарано на годишната конференција на компанијата F8 којашто започна во вторникот во Сан Хозе, во сојузната држава Калифорнија.

„Оваа опција ќе ви овозможи да ги видите интернет страниците и апликациите кои ни испраќаат информации кога ги користите, да ги избришете тие информации од својот профил и да ја исклучите нашата способност да ги сочувуваме“, објави Facebook на блогот https://newsroom.fb.com/news/2018/05/clear-history-2.

Цукерберг новата алатка ја спореди со опцијата за бришење на „колачињата“. Неговата компанија наведува дека за оваа новина ќе бидат потребно неколку месеци.