Од Франција и Луксембург вратени 49 албански државјани

Албанската државната полиција информираше дека 49 албански државјани, вклучително и семејства со деца, се вратени во Тирана откако им било одбиено барањето за азил во земјите на ЕУ.

Со чартер лет од Франција се вратени 44, додека петмина од Луксембург.

„Освен координираната соработка Франција – Белгија и Франција – Холандија, овој пат учествуваше и Луксембург и албанската гранична полиција. Граничната полиција на меѓународниот аеродром во Тирана презеде мерки за нивно обезбедување во просториите определени за оваа намена, сè до завршување на стандардната постапка од гранична полиција, стои во соопштенето на албанската државна полиција.

Се додава дека Mинистерството за внатрешни работи и државната полиција уште еднаш апелираат до сите оние граѓани кои имаат намера да патуваат во Шенген зоната за да побараат азил, да не прават залудни напори, бидејќи „шансите за добивање азил се нула“.

Деновиве со чартер лет од Шпанија беа вратени 26 албански граѓани поради прекршување на правилата за престој во Шенген зоната. Претходно беа депортирани 40 албански државјани, од нив 34 од Франција и шесттмина од Белгија, откако им било одбиено барањето за азил.

Според полицијата од почетокот на годинава околу илјада албански државјани се депортирани со чартер летови,од неколку европски земји,пред се Франција и Германија.