Од горештината се топи асфатлтот во Австралија

93

Топлотниот бран што шести ден во петокот го погаѓа австралискиот континент, ги оборува температурните рекорди, а од жештината се топи асфалтот, пренесуваат темошните медиуми.

Во местото Вохоуп, 373 километри северно од Сиднеј, објавено е дека се топи битуменот на главниот автопат, поради што работниците ја прскаат областа со вода за да ја изладат површината и да го спречат лепењето на асфалтот на автомобилиските гуми, пишува локалниот весник Argus.

Температурните рекорди се оборени по должината на источна Австралија, откако во петокот температурата се искачи на високите за овој дел од континентот 40 Целзиусови степени. Рекордот не е оборен само за дневните температури, највисокиот рекорд во текот на австралиските ноќи соборен е во четвртокот во Нуна, 800 километри западно од Сиднеј, каде најниската температура во текот на ноќта изнесувала 35,9 степени.

Блер Тревин, од Заводот за метеорологија, изјавил дека тоа била најтоплата ноќ, некогаш забележана во Австралија. „Пет дена имавме температури кои се движеа околу 40 степени“, вели Тревин за националната телевизија ABC News.

Станува збор за најтоплиот јануарски период во Австралија уште од 1939 година. Метеоролозите велат дека темепратурните услови би требало да се стабилизираат во текот на викендот до следната седмица, кога се очекуваат нов пораст на темепратурите. „Има показатели за доаѓање на нов бран екстремни горештини до крајот на следната седмица“, вели Тревин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.