Од хаусмајстор до инспектор во општина Центар

Голем скандал открива случајот со Жерновски и назначувањето на Кочо Стојчески од хаусмајстор до главен инспектор во општина Центар.

На 30. декември минатата година градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски издал решение со кое хаусмајсторот Кочо Стојчески е поставен десет позиции погоре.

Хаусмајстор со инспекторски надлежности пред решението

Најинтересно од се е што Стојчески вршел инспекциски работи и раководел со инспекциските служби пред да го добие решението за унапредување.

Стојчевски како хаусмајстор вршел инспекциски надзор, односно со други зборови хаусмајстор,вршел премери, одлучувал за уривање и градење низ целата општина.

Потврда за ова е и службената коресподенција помеѓу управниот инспекторат и општина Центар од чии документи се гледа дека Стојчвски ја вршел функцијата раководење на инспекциските служби и пред неговото назначување.

Со тоа е извршено и кривично дело лажно преставување кое е казниво според кривичниот законик. Според членот 391 тој што има намера за себе или друг да прибави корист, лажно се преставува како службено лице или неовластено тоа го прави се казнува со парична казна или со затвор до една година.

Ваквото работење е исто како хаусмајстор да облече полициска униформа и пишува казни и прекршоци во сообраќајот или пак помошна медицинска сестра да врши операција во хируршка сала или да одредува дијагноза. Токму тоа се случувало и во општината Центар. Заслугата на Коцо не е неговата стручност, туку неговиот партиски ангажман, тој настапуваше на партиските трибини во кампот на СДСМ пред владата. Стојчески  хаусмајсторот главен инспектор не е единствениот случај во ова општина.

1

2

3

4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.