Од Историска комисија велат не разговараме за статусот на МПЦ-ОА, туку за историјата на охридската архиепископија во учебниците

Војна на зборови меѓу членовите на македонско бугарската комисија за историски прашања. По денешните обвинувања на историчарот Кајчев во бугарски тв медиум дека македонскиот тим е под притисок и дека во последен момент се повлекле од темата за Охридската архиепископија, македонската страна за ТВ 24 тврди дека не се преговара за ова прашање.

Македонските членови на комисјата сметаат дека Бугарите користат лаги како дел од политичка битка.

– Самата емисија во која новинарите и гостите зборуваат во еден глас и се жалат од Македонија небаре таа негира идентитет на друг народ, повеќе е наменета да ги коментира политичките односи помеѓу Македонија и нашиот сосед од Истокот, со цел да создаде погрешна слика во бугарското општество и да ги амнестира бугарските ревизионистички и шовинистички изјави во однос на македонскиот јазик и историја со што оној кој се однесува непријателски се претставува како жртва и на тој начин сите учесници во емисијата ги нарушуваат односите помеѓу двете држави и двата народи. Што се однесува до изјавите поврзани со работата на Комисијата тие се потпираат на неточни информации и лаги објавени во нашите медиуми и кои се дел од внатрешната политичка борба и особено врз селективно толкување на изворите. Имено изјавата на колегата Кајчев кој се повикува на изворите е всушност негово селективно толкување низ современа бугарска национална перспектива, а не недвосмисленост на изворите. – велат од Комисија за историски прашања со Бугарија

Кајчев претходно од Софија порача дека историските извори за создавањето на Охридската Архиепископија како Архиепископија на Бугарија се недвосмислени .

– Тие се под голем сериозен притисок и веднаш пред крајот на состанокот, имаше бура од медиумски реакции во Скопје кои атакуваа врз Комисијата и содржината на учебниците за Охридската Архиепископија, изјави на владици, на митрополити, на црквата во Северна Македонија, такви кои се назначени уште од времето на комунистичка Југославија со најнавредливи кфалификации како за Бугарија , така и за самата Комисија. – вели Наум Каичев член на Комсијата за историски прашања од Бугарија.

Македонско-бугарската историска комисија воопшто не разговара за дефинирање на статусот на МПЦ-ОА –  валидно е само кога Комисијата има консензус, порача и премиерот.

– Бугарската страна си дава изјави за себе. Она што е валидно е кога сите членови на Мешовитата комисија ќе имаат консензуален став за било кое прашање. Се друго се изјави кои што немаат никакво влијание врз финален резултат. – изјави Димитар Ковачевски премиер на РСМ.

Дводневната расправа на Комсијата во Скопје, за учебниците од 7мо одделение и како да биде претставена Охридската архиепископија, заврши без договор. Бугарскиот копретседавач Ангел Димитов , го обвини македонскиот тим дека се предомислиле во последен момент. Драги Ѓоргиев пак возврати на ударот и кажа дека не ја прифаќа реториката на својот бугарски колега.

На прашање на тв 24 до бугарскиот тим , дали пречка за работата на комсијата е бугарското негирање на македонскиот идентитет внатре во комсијата  – Димитров отсечно одговори дека тоа не е тема на разговори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.