Од јануари поголема цена на водата

527

Одредувањето на цените на тарифата е под лупа на регулаторите. Комисијата ќе го има последниот збор- колку пари, граѓаните од домашната кошничка ќе треба да одвојат за сметките за вода, пишува Република.

Претпријатијата се обврзани, да ги достават прогнозите за висината на цената до Регулаторна комисија.

Комисијата пак според поднесените извештаи, ќе го одредува опсегот на минимална и максимална цена која претпријатијата ќе можат да ја наплаќаат.

Според Правилникот на Регулаторна, целта на утврдувањето на цените е:

„Вкупната цена на водните услуги за домаќинство да биде достапна имајќи ги предвид просечните приходи по домаќинство во подрачјето во кое се обезбедува водната услуга; – одржливо користење на инфраструктурата за вршење на водните услуги; – подобрување на квалитетот на водните услуги со цел да се обезбеди непречено давање на услуги согласно со најдобрите достапни практики; – создавање услови со неопходните инвестиции во системите за водоснабдување да се обезбеди одржливо функционирање на истите; – да се обезбеди постепена, а како крајна цел целосна, примена на начелото на загадувачот плаќа, начелото на корисникот плаќа, начелото на еднаквост и начелото на покривање на трошоците; 2 – заштита и унапредување на животната средина; – да се подобри ефикасноста на водните услуги преку обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги со најмалку трошоци; – стабилни и предвидливи услови за работење на давателите на водни услуги и – заштита на потрошувачите и корисниците од злоупотреба на доминантна позиција на давателите на водни услуги“.

Ако се суди според извештаите кои претпријатијата ги доставиле до Регулаторна, цената од година во година – расте. Но, за утрвдување на тарифите- в предвид ќе се земаат факторите кои се впишани во Правилникот.

Утврдување на тарифи за водени услуги – Член 14 (1) Тарифата за водна услуга се утврдува врз основа на оценка на: – трошоците за обезбедување на водни услуги и услуги за поддршка; – висината на предложената тарифа за водна услуга и цената на водната услуга што ќе се постигне со предложената тарифа и нејзината финансиска достапност за домаќинствата од подрачјето на кое се дава водната услуга како и процентот на домаќинствата за кои ќе биде надминат прагот на финансиска достапност; – планирани капитални инвестиции за проширување на инфраструктурата и подобрување на водните услуги; – ефикасноста на водната услуга споредена со индикаторите на успешност и – постигнувањето на вредностите на целите за клучните индикатори за успешноста.

Според извештаите од претпријатијата – цените за метар кубен вода за пиење, се движат од 11 до 55 денари. Најефтина е во Врапчиште (11,50), а најскапа во Кочани (55,49).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.