Од јули електричната енергија по нова цена

Засега надлежните не очекуваат ценовни шокови со новата цена на струјата која корисниците ќе ја плаќаат за струјата.

Од 1-ви јули за струја ќе плаќаме по нова цена на електричната енергија за домаќнствата, а дали ќе има пад или скок на цената е неизвесно.

Оваа новина доаѓа со либерализацијата на пазарот а од Регулаторната комисија сметаат  дека за граѓаните уште е поисплатливо да останата на регулираниот пазар наместо да излезат на слободниот .

Сите корисници од јануари имаат опција да си изберат компанија од кој ќе купуваат струја а наскоро ќе можете и сами да ги проверувате и споредувате цените за струја кои ги нудат снабдувачите.