Од кабинетот на Орбан: Опозицијата гледа своја шанса да ни наметне имиграција

36

Унгарија нема да прифати лекции и предавања од личност како Џорџ Сорос, порача шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гулиас. Тој ја обвини унгарската опозиција дека прифаќа ставови многу слични на ставовите на Сорос и сака да ја отвори Унгарија за голем број на мигранти – барање кое се гледа и во актуелниот спор за буџетот на ЕУ, пренесува „Дејли њуз Хангари“.

-Опозицијата гледа своја шанса да ни наметне имиграција. Унгарија нема да прифати да биде уценувана. Граѓаните имаат право да одберат дали сакаат имиграција или не, и дадоа јасен одговор на референдумот и на изборите, рече Гулиас.

Унгарија и Полска го блокираа усвојувањето на пакет економска помош за земјите на Европската Унија, откако во него беа вклучени членови со кои може да се врши политички притисок врз овие две земји, наводно затоа што не го почитувале владеењето на правото.

-Само земји кои дозволуваат мигранти добиваат оценка дека го почитуваат владеењето на правото. Унгарија ги исполнува сите услови барем колку на ниво на западно-европските земји, а секако многу повеќе во споредба со левичарските власти во 2006, кога мирни демонстранти беа напаѓани, а ЕУ велеше дека тоа е внатрешно политичко прашање, рече Гулиас, додавајќи дека шансите пакетот да биде усвоен во сегашната форма се нула.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.