Од коронавирус почина личниот лекар на папата Франциск

Личниот лекар на поглаварот на Римокатоличката црква папата Фрациск, Фабрицио Сокорзи, починал во саботата од компликации предизвикани од коронавирусот, објави ватиканскиот весник L’Osservatore Romano

Седумдесет иосумгодишниот Сокорзи беше личен лекар на папата од 2015 година. Бил хоспитализиран во Рим на 26-ти декември на одделот за онкологија/

Не е познато кога Сокорзи бил во близок контакт со папата  последен пат.

Во интервју за италијанскиот Canale 5, папата рече дека вакцинирањето во Ватикан ќе започне следната недела и дека тој ќе ја прими вакцината.