Од Косово се најавува апсење на познат политичар од Македонија, дали е тоа Али Ахмети?

Уште пред сведочењето пред специјалниот суд за воени злосторства на Косово на Али Ахмети, лидер на ДУИ а своевремено активист на УЧК во Косово, се шпекулираше дека е можно од сведок да биде трансформиран во осомничен.

Тие шпекулации не запреа ни подоцна, а деновиве од Косово доаѓа најава дека се очекува апсење на познат политичар од Македонија по барање на хашкиот суд за воени злосторства на Косово.

За активности во време на воените настани во Косово и непосредно потоа се спомнуваа две лица, и двајцата функционери на ДУИ: Али Ахмети за воени дејствија и Артан Груби во врска со трговијата со човечки органи познати по скандалот “жолта куќа“. Но, не се исклучуваат и неколку други лица, денес или во блиското минато исто така функционери на ДУИ.

Косовскиот новинар и политичар Милаим Зека тврди дека позната фигура од Македонија ќе биде уапсена. Тој во гостувањето на косовскиот ТВ Канал10 рече дека очекува нови апсења од страна на Специјалниот суд на Косово во Хаг.

– Ќе биде уапсена позната личност од Македонија, и многумина мои пријатели, рече Зека.

Најавата доаѓа од лице добро упатено во косовските политички настани. Во септември, минатата година, адвокатот Том Гаши објави документ за кој тврдеше дека е сведочење пред ЕУЛЕКС во Косово од поранешниот пратеник и новинар Милјаим Зека во случајот Дреница. Според објавеното, Зека изјавил пред судиите на ЕУЛЕКС дека ОВК имале многу концентрациони логори низ Косово, но и во Албанија.

Уште тогаш, според сведочењето на Зека, се тврдело дека Хашим Тачи и Кадри Вејсели ќе бидат гонети од Специјланиот суд за воени злосторства на Косово, што набргу и се случи.

Сега истиот Милјаим Зека најавува апсења на познати политички лица од Македонија.

ДУИ е веќе подолг период предмет на набљудување на меѓународната заедница, и не само заради настаните врзани со косовските воени дејствија туку и по линија на организиран криминал и трговија со дрога. Она што ни е нам познато е дека со години се следат тие линии, и се документираат.

Функционери на ДУИ веќе се соочија со истрага за корупција преку Телеком, корупција врзана за серија неистражени кражби во Македонски пошти но, и меѓународно набљудување за соработка со клановите кои се занимаваат со трговија со дрога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.